Гимараеш наследник на КДБ

39

Британските медиуми открија дека бразилскиот интернационалец од редовите на Њукасл, Бруно Гимараеш, е најновата желба на актуелниот европски клупски шампион и бранител на тронот во Премиер лигата, тимот на Манчестер Сити. Истите медиуми тврдат дека веднаш на почетокот од летниот преоден рок популарните „граѓани“ ќе испратат понуда која нема да биде помала од 100 мил. фунти.