Илон Маск наводно, престанал да ги плаќа чистачките кои работеле во седиштето на Твитер во Сан Франциско, што довело до тоа канцелариите да смрдат на остатоци од храна, а персоналот почнал да си носи сопствена тоалетна хартија, пишува New York Times.

Освен што не платил наемнина за седиштето на Твитер, Маск исто така изјавил дека овој месец ги откажал и услугите на домарот откако работниците стапиле во штрајк барајќи повисоки плати.

Американските медиуми објавија изјави од четворица сегашни и поранешни вработени во компанијата кои тврдат дека „мирисот од остатоци од храна и застојан воздух, се задржал во просториите“, дека „тоалетите станале нечисти“ и дека „некои одвработените почнале од дома да си носат ролни тоалетна хартија“.

Синдикатот на чистачите наводно бил известен дека работните места им се загрозени и тие во понеделникот организирале штрајк во знак на протест. Тогаш им е кажано дека сите се отпуштени.

Поранешните вработени во Твитер тврдат дека повеќепати слушнале како Маск и луѓето од неговиот тим зборуваат дека нивната работа е застарена и дека персоналот за чистење ќе го заменат со роботи.

За потсетување, отакако го презеде Твитер, Маск отпушти половина од 7.500 вработени во компанијата, а неодаман објави анкета во која повече од половина од анкетираните гласале дека тој треба да ја напушти челната позиција во Твитер.