Во секој клуб има најмалку двајца хомосексуалци

98

Поранешниот капитен на најтрофејниот клуб во англиската Премиерлига, Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, предизвика нов фудбалски „земјотрес“ откако за францускиот медиум „Ле Парисиен“ изјави дека во секој клуб има најмалку двајца хомосексуалци.

  • Во фудбалскиот свет, ако признаеш дека со геј, тогаш се е готово. Кога бев во Англија, клубот ангажираше еден човек кој требаше да разговара со фудбалерите за хомосексуалноста. Неколку моите тимски колеги тогаш изјавија: „Тоа е против мојата вера, ако има хомосексуалец помеѓу нас, јас морам под итно да си заминам од клубот“. Во тој момент јас ги загубив живците, веднаш има кажав дека мора да замолчат. Дали може да ја замислите таа ситуација? Јас имам играно со хомосексуалец, еден по еден ми се отвараа и ми зборуваа за своите проблеми, откри поранешниот репрезентативец на Франција и поранешен фудбалер на Ница, Монако, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Марсеј и Вест Хем.

Освен за хомосексуалците во фудбалскиот свет, Евра откри и што мисли за големата ѕвезда во дресот на францускиот гигант ПСЖ, Килијан Мбапе, кој во следните неколку дена треба конечно да одлучи, дали ќе ја продолжи соработката со популарните „светци“ или ќе ја прифати понудата на Реал (М).

  • Многу го сакам, но премногу е крут и нешто крие. Кога го слушам, имам впечаток дека слушам некој политичар. Се надевам дека на прво место му е тимот, а не личната амбиција, изјави Евра.

Репрезентативецот на Франција на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а тоа значи дека ќе може да си замине од „Паркот на принцовите“ без никакво обештетување. Раководните лица на ПСЖ веќе со месеци се обидуваат да ја продолжат соработката но Мбапе ги одби сите понуди. Од друга страна, шпанскиот гигант Реал (М) за време на летниот преоден рок испрати официјална понуда вредна 180 мил. евра, но истата експресно беше одбиена од челниците на ПСЖ.

Шпанските, но и француските медиуми се убедени дека Мбапе сака својата кариера да ја продолжи на „Сантијаго Бернабеу“ и дека до крајот на зимскиот преоден рок, „кралскиот клуб“ ќе испрати нова официјална понуда за неговите услуги која нема да биде помала од 50 мил. евра.