Во Прилеп: „Седумте архангели“ – изложба на икони

137

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е отворена изложбата на икони „Седумте архангели“ од уметникот Стефан Малбашиќ од Битола. Првпат Малбашиќ во современиот македонски иконопис креира ваква ликовна интерпретација на фигурите на седумте архангелски претстави.

„Малбашиќ создава автентична артистичка визија и соодветна ликовна интепретација, продолжувајќи ја зоографската традиција и мисија на византиските средновековни иконописци“, ќе посочи Викторија Димеска, историчар на уметност потенцирајќи дека во суштина архангелите во небесната хиерархија ја заземаат највисоката позиција, покрај тронот на Бог, спроведувајќи ги божјите закони, борејќи се против седумте смртни гревови и сочувувајќи ги душите за седумте божји дарови на светиот Дух.