Во осум албански полициски комесаријати 33 полицајци корисници на дрога

57

Тестот за дрога кој почна да се спроведува меѓу припадниците на албанската полиција, во измнатите две недели откри дека 33 припадници на полициските комесаријати во Тирана, Скадар Елбасан, се корисници на дрога.

По наредба на генералниот директор на албанската државна полиција, Гледис Нано, кој на ова функција дојде на почетокот на октомври, полициските службеници на целата територија на земјата подлежат на анализа на крвта и урината, со цел да се утврди дали се корисници на дрога или не.

-Први на тестирање се кадрите кои работат во секторите за спроведување на законот со поголем контакт со граѓаните. Од направените анализи во шест полицските комесаријати во Тирана, како и во Скадар и Елбасан, потврдено е дека 33 полициски службеници, од кои 20 во Тирана, 11 во Скадар и двајца во Елбасан користеле дрога, пренесува Ора њуз.

 

Според истиот извор дел од нив рекле дека во анализите има некаква грешка, зашто никогаш во животот не користеле дрога и најавиле тужби.