Првата групна изложба во рамки на проектот „Протоген“, чиј идеен творец е академскиот скулптор, Матеа Мијановиќ е отворена во Младинскиот културен центар.

На изложбата, која може да се посети во горното фоаје на МКЦ,  се претставени селектирани дела на младите скулптори: Митко Дамјановски, Благоја Гроздановски, Дамјан Ристевски и Матеа Мијановиќ.

Според Центарот за култура „Интерарт“, проектот во насловот ја одредува суштината на идејата, која значи создавање на услови  за развој и рачна изработка на дела, прототипи и пилот линии од сферата на применетата уметност.

Проектот, исто така, нуди продукциско-едукативна насока, како и фокус кон создавање на мрежа за продукција и пласман на млади креативни професионалци. „Протоген“ е поддржан од Министерството за култура, а делата од изложбата, од петнаесетти декември, ќе можат да се видат онлајн на https://www.inkubator.com.mk/.