Викендот подигнати 25 кубни метри отпад од диви депонии 

128

Во текот на вчерашниот ден, јавното комунално претпријатие Комунална Хигиена спровело метење и отстранување на отпадоците одложени на јавни и сообраќајни површини по завршувањето на настанот „Вози право, вози здраво“, што во организација на Стопанска банка АД Скопје и Град Скопје се одвиваше на потегот од порта „Македонија“ до Градскиот парк.

Како што информираат оттаму, за време на изминатиот викенд, нивните екипи подигнале и транспортирале околу 25 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад од две диви депонии лоцирани на улицата „Славеј Планина“, кај скопското Теќе и на улицата „Самоилова“, во непосредна близина на амбасадата на САД.

-Еко-патролата на ЈП Комунална Хигиена изготви седум записници за лица затекнати при непрописно одлагање отпад на улиците „Крсте Асенов“ и „Емин Дураку“, во општината Чаир, на улицата „ Хошимин“, во општината Бутел, „Петар Поп Арсов“ во општината Центар, како и на улицата „Миле Поп Јорданов“ и булеварот „Партизански одреди“, во скопската општина Карпош – соопштија од претпријатието.