Многу логично е дека и покрај коронавирусот кој владее и на Јадранско Море ова лето, животот треба да се живее. Тоа во вистинска смисла на зборот, но повеќе во пракса го покажаа госпоѓите Тереза Кесовија и Сара Унгар. Максимално се забавуваат на својот начин. И можеби тука ништо не би било необично, ако и двете не се сопруги на хрватската музичка ѕвезда Миро Унгар.

Пријатели и колеги:Миро со бившата сопруга Тереза (и сегашната сопруга Сара)

Бившата му е Тереза, а сегашната му е Сара, која патем речено од Миро е помлада 40 години. Но за вистинската љубов нема граници, како што нема ниту граници кога забавата е во прашање и за самата Тереза која оваа есен ќе наполни 82 години, но која е, како што се гледа, во совршена кондиција.

А, дека “девојките“ одлично се забавуваат додека го јаваат моторот низ тесните улички на Новиград (на Јадран) покажуваат тие самите пред весело љубопитни туристи. Инаку, Тереза и Сара станаа и многу добри пријателки, иако едната му е бивша на Миро, а другата му е сегашна сопруга.   Д.М.