Пилотот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен, ја забележа деветтата победа во кариерата, откако денеска славеше на трката за Големата награда на Велика Британија, на патеката во Силверстон.

Младиот Холанѓанец ја прекина низата од четири победи на возачите на Мерцедес од почетокот на сезоната. Второто место му припадна на актуелниот шанпион Луис Хамилтон, додека трет заврши Валтери Ботас, кој беше минат од клупскиот колега на неколку круга пред крајот на трката. Чевтртото мосто му припадна на Шарл Леклер од Ферари.

Инаку, денеска се славеше и 70 годишнина од постоењето на Формула 1.