Велика Британија заплени еден тон кокаин што лебдел во водите на Ла Манш

96
Фото:Guardia di financia, Italia
Британската полиција открила повеќе предмети кои лебдат на површината на водата. Пренесени се во пристаништето Довер, каде што тестирањата потврдиле дека станува збор за повеќе од еден тон кокаин.
Заплената доаѓа по речиси еден и пол месец откако два тони кокаин, спакувани во херметички затворени пакети, од кои некои беа прицврстени за појаси за спасување, беа насукани на француските плажи во Нормандија.
Министерството наведе дека во Англија и Велс во текот на изминатата години биле запленети 18.8 тони дрога, што е пораст од 68 отсто во однос на периодот 2020-2021.
Минатата година беа запленети рекордни 1,9 тони кетамин, а од растението канабис 35 тони.