Велешани да не фрлаат неизгасната жар од огништата во подземни и надземни контејнери, апелира ЈКП „Дервен“

41

 Повторно во Велес е запален подземен контејнер. Овој пат вчера тоа се случи  на улицата „Алексо Демниевски“ под зградата на Пошта на Република Северна Македонија, информираат денеска од ЈКП „Дервен“, кое стопанисува со контејнерите.

Пожарот бил веднаш локализиран од страна на противпожарната служба. Поради нанесената голема штета по внатрешната вреќа, контејнерот е привремено неупотреблив, а материјалната штета е голема, потенцираат од ЈКП „Дервен“

 Апелираме до граѓаните за повисока свест, да не фрлаат во контејнерите  пепел од огништата затоа што од неизгасениот жар предизвикуваат пожари во контејнерите. Високата цена на вреќите од подземните контејнери предизвикува голема  материјална штета, а и потоа контејнерите привремено се неупотребливи, соопштија од ЈКП„Дервен“.

Тие посочуваат граѓаните во метален сад претходно да ја изгаснат жарта од огништата, да отстои повеќе часа, а потоа  целосно изгасната  да ја фрлат во контејнер.

Од ЈКП „Дервен“ информираат дека несовесни граѓани синоќа предизвикале пожар во три обични контејнери за смет од пет метри кубни во близина на ресторанот „Пармак“ и „Малина“ од левата  страна на градот.