Вашингтон Пост: Македонија и официјално се преименува во Северна Македонија

72

Македонија и официјално се преименува себеси во Северна Македонија, како резултат на договорот со кој се реши деценискиот спор со соседна Грција, пишува американскиот весник Вашингтон Пост.

Во соопштението од Владата се наведува дека од вторник државата официјално ќе го носи името Република Северна Македонија. Министерот за надворешни работи Никола Димитров рече дека овој потег е резултат на конечната размена на дипломатски ноти со Грција.

Промената на името конечно го решава проблемот со Грција, кој датира од прогласувањето на независноста на Македонија од поранешна Југославија во 1991.

Прекинот на несогласувањата се случи минатото лето, кога премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се договорија на компромис со кои Грција се обврзува да ги прекине пречките за влез на Македонија во НАТО и Европската Унија, пишува Вашингтон Пост.