Вардар му одржа ракометна лекција на Рајн Некар Левен

58

Македонскиот ракометен шампион Вардар, стартуваше со победа во пролетниот дел од сезоната во Лигата на шампионите, откако во рамките на 11. коло славеше на гостувањето кај Рајн Некар Левен со 30:27.

Многумина го отпишаа Вардар поради проблемите со повреди, како и уморните ракомтари, но тимот на Роберто Гарсија Парондо одигра врвен натпревар, без осцилации и германските „лавови“ на терен ги претвори во „мачиња“.

Најдобар во победата на Вардар беше Дибиров со седум гола, а Карачиќ и Стоилов дадоа по шест, додека кај Рајн Некар Левен, Шмид заврши со девет гола, а Колбахер даде осум.

Вардар со овој триумф се зацементира на второто место во групата „А“ со 15 бода, зад Барселна која е лидер и има 18 бода. но и меч помалку. Наредниот дуел во ЛШ, македонскиот претставник го игра на домашен терен против Веспрем (16 февруари).