Македонскиот ракометен шампион Вардар елиминиран е во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако и во реваншот загуби од унгарскиот шампион Веспрем со 39:30.

Дилемите за патникот во четвртфиналето беа разрешени уште во Скопје со триумфот од 14 гола на Веспрем, што беше причина и двата тима без преголем притисок да одиграат во реваншот во Унгарија

Стоилов и Дибиров постигнаа по пет гола, а Чупиќ и Шеваљевиќ по четири погодоци за македонскиот првак, додека најефикасни во редовите на Веспрем беа Шишкарев и Нилсон со по шест погодоци.

Следен ривал на Веспрем во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе биде Нант предводен од најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров.