Брус Вилис може да се врати на големото платно и покрај болеста

459

Една од најголемите холивудски ѕвезди, Брус Вилис, се повлече од светот на филмот пред речиси една година кога му беше дијагностицирана афазија, а потоа и деменција. Сепак, обожавателите ширум светот беа воодушевени од веста дека тој би можел да се врати на големото платно.

Имено, познатиот режисер Квентин Тарантино наводно сака да му додели улога на Брус Вилис во своето ново дело. Како што пренесуваат странските медиуми, Тарантино веќе е добро во подготовките за новиот филм „Филмски критичар“, а Брус ќе има помала улога во ова остварување.

Иако Тарантино, наводно, сè уште не се обратил до семејството на актерот, тој планира да ја почитува нивната одлука доколку кажат дека Вилис е премногу лошо за да учествува во филмот. Во тој случај, во филмот ќе бидат вметнати снимки од некои претходни дела на Вилис.

По дијагнозата на болеста состојбата на актерот со текот на времето се влошува, а најголема поддршка му е семејството, но и поранешната сопруга Деми Мур.

Како што неодамна откри извор близок до семејството, Брус полесно го препознава гласот на својата поранешна сопруга Деми Мур отколку гласовите на другите, па таа секојдневно разговара со него за да спречи понатамошен развој на болеста.

„Деми е во постојан контакт со Брус и Ема. Ја користи секоја слободна можност да помине време со него. Ако не е со него, му се јавува за Брус да ѝ го слушне гласот. Тој не може многу да зборува и се чини дека малку разбира од тоа што му се зборува“, изјави неодамна извор за Радар онлајн, додавајќи дека семејството тешко се справува со веста за неговата дијагноза. Дали тие ќе се согласат Брус да се појави во новиот филм на Тарантино, останува да го видиме.