Бруно Фернандеш подготвува големо предавство

1878
epa10965271 Manchester United's Marcus Rashford (2-R) recieves a red card by referee Donatas Rumsas during the UEFA Champions League Group A soccer match between FC Copenhagen and Manchester United at Parken stadium in Copenhagen, Denmark, 08 November 2023. EPA-EFE/Liselotte Sabroe DENMARK OUT

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш (29) неодамна се заколна на верност на „црвените ѓаволи“ и најави дека сака да остане во Манчестер и по летото. Сепак, медиумите во Шпанија тврдат дека Португалецот има други планови и би сакал да го смени клубот штом заврши актуелната сезона.

„Сакам да останам овде и да продолжам да бидам дел од проектот“, изјави португалскиот интернационалец за „Bole“, но навивачите на Јунајтед се загрижени од Шпанците кои тврдат дека неговиот агент веќе ја контактирал Барселона за да се распраша за можноста за преселба на „Ноу Камп“.

Како што пренесува каталонскиот весник „Ел Национал“, промената дефинитивно е опција за Фернандеш, најмногу поради „нестабилноста во Манчестер“ бидејќи Бруно не е задоволен од развојот на ситуацијата во Англија.

Јунајтед, рекордниот тим со 20 титули во Премиер лигата, нема шанси ниту оваа сезона да се бори за самиот врв, дури и пласманот во Лигата на шампиони им виси на конец, а Фернандеш верува дека тоа тешко дека ќе се промени, па би сакал во Барселона да се бори за титули и трофеи во ЛШ.

Познатиот агент на големата ѕвезда Жорге Мендеш (59) наводно веќе се распрашувал за идна соработка со Барселона. Португалецот претставува неколку ѕвезди на Барса и има добри односи со Каталонците.

Секако, останува отворено и клучното прашање е дали Барса може да си го дозволи трансфер на Фернандеш поради не многу добрата финансиска ситуација.

Неговата моментална пазарна вредност е 70 милиони евра, а во случај на трансфер, обештетувањето би изнесувал околу 100 мил. евра, што звучи како многу кога зборуваме за Барса, која со години се „вади од калта“.

Фернандеш се пресели од Спортинг Лисабон во Јунајтед во јануари 2020 година за 65 мил. евра.