Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац, оствари голем успех во својата тренерска кариера. Тој во својата прва сезона како тренер на екипата на Ал Мадар од Саудиска Арабија успеа да го освои шампионскиот трофеј, но ја заврши својата авантура во сега веќе новиот шампион.

Македонскиот стратег и челните лица на Ал Мадар не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката, па така Брестовац повторно е во потрага по нов ангажман. Оваа информација ја потврди и клубот на социјалните мрежи, каде со порака му се заблагодари на македонскиот стратег за продонесот во тимот.

-Соработката со Данило Брестовац е раскината, а нашиот тим во следниот натпревар ќе го води капитенот Хасан Ал-Џанаби. На Брестовац му посакуваме успех во иднина, стои во објавата на Ал Мадар.