Биткоинот ја надмина психолошката граница од 10.000 долари

128

Биткоинот, Етереумот, XRP и Литекоинот изненадно скокнаа изминатиов викенд , при што Биткоинот ја надмина психолошката граница од 10 000 долари.

Тој со тоа дојде до максимумот од 11 200 долари на Битстамп менувачницата со седиште во Луксембург, додека другите криптовалути остварија двоцифрени добивки, додека наглиот раст предизвикал многумина да се сетат на славните времиња на Биткоинот и големиот скок на криптовалутите кон крајот на 2017година.

Тогаш, имено, вредноста на Биткоинот пораснала од 10 000 долари на скоро 20 000 долари за помалку од 20 дена.

Да потсетиме, некаде од почетокот на пролетта најпопуларната дигитална валута на светот е во константен благ раст на вредноста, во текот на мај нејзината вредност надмина 8000 долари а растот продолжи и во јуни.