Бензините и дизелот поевтинуваат до еден денар

64

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на  малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,8 %воодноснамалопродажнитеценинанафтенитедериватиутврденисогласноОдлукатаод20.01.2020 година.

Од ноќеска на полноќ00:01часотна 28.01.2020 година, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50ден/лит, додека малопродажната цена наЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00ден/лит и со тоа малопродажната цена на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,490 ден/кг и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 36,395 ден/кг.

Моторен бензин                        ЕУРОСУПЕР БС – 95                           67,50 (денари/литар)

Моторен бензин                        ЕУРОСУПЕР БС -98                            69,50 (денари/литар)

Дизел гориво                            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       60,00 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               49,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      36,395 (денари/килограм)

 

Клучните фактори што влијаатна крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот, кои во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување на цените на светскиот пазар кај бензинот во просек за околу 2,06%, кај дизелот намалување во просек за околу 2,74%, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 2,57% и кај мазутот намалување во просек за околу 5,34%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период е зголемен за 0,348%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часотна 28.01.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.