Бакингамска палата: Принцот Филип имаше успешна операција на срце

39

Бакингамската палата соопшти дека британскиот принц Филип имал операција на срцето и следните неколку дена ќе остане во болница.

„Војводата од Единбург, во средата беше успешно опериран поради состојбата со срцето, во болницата „Свети Вартоомеј“. Неговото кралско височество ќе остане во болница неколку денови, се наведува во соопштението на Бакингамската палата.

Принцот Филип (99) хоспитализиран е на 6 февруари во болницата Крал Едвард Шести, во Лондон, поради инфекција, а во понеделникот беше префрлен во болницата „Свети Вартоломеј“ поради проблеми со срцето.