Апсолвентска вечер за паметење на студентите од Европски универзитет

434

В четвртокот, на 6 јуни, во хотел „Мериот“ се одржа апсолвентска вечер на студентите од Европски универзитет. Во присуство на професорите, асистентите и членовите на Управниот одбор, апсолвентите блеснаа во вистинско светло. Модно стилизирани и прекрасно расположени, тие покажаа дека се вистинска гордост на Европскиот универзитет.


На апсолвентите им се обрати ректорката проф. д-р Јана Манева-Чупоска, генералната директорка проф. д-р Билјана Андреска-Богдановска и лицето за односи со јавност, Сузана Турунџиева. Тие им се заблагодарија на студентите за довербата и им посакаа многу среќа и успех во нивните понатамошни животни предизвици, потсетувајќи ги дека вратите на Европски секогаш ќе им бидат отворени за доквалификација.