Албанскиот претседател Мета утре во Дебар, на одбележувањето на 111-годишнината од Дебарскиот конгрес

149

Во организација на општина Дебар и дебарската заедница од Тирана утре во Дебар ќе биде одбележана 111- годишнината од Дебарскиот конгрес, значаен исторски настан за албанскиот народ, информираа од општината.

Според истиот извор, по тој повод во Дебар ќе престојува албанскиот претседател Илир Мета, кој најпрво ќе има средба со градоначалникот Хекуран Дука, по што ќе се обрати пред членовите на Советот на општината.

Во рамки на одбележувањето ќе биде одржана свечена академија на која поздравен збор, освен Дука и Мета, ќе имаат и собранскиот спикер Талат Џафери и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. За овој настан ќе зборуваат академици од  Северна Македонија и од Албанија.

Поканата за учество на Мета му беше врачена лично од градоначалникот Дука на средбата во Тирана на почетокот на месецов.

Дебарскиот конгрес уште наречен заеднички албанско-османлиски уставен конгрес, се одржал од 23-29 јули 1909 година во Дебар. Бил спонзориран од страна на Младотурската османлиска влада преку Младотурскиот Централен комитет „Единство и напредок“ со цел да се влијае врз Албанците со мирни средства за нивен полојален однос кон османлиската влада. За претседател на Конгрсот бил избран ефенди Вехби Дибра ,муфтија на дебарскиот санџак.

Извор:МИА