Германскиот весник „Шпигел“ ги објави финансиските детали од трансферот на австрискиот репрезентативец Давид Алаба од Баерн Минхен во Реал Мадрид.

Според весникот, договорот на Алаба е со важност до лето 2026 година, а универзалниот дефанзивец ќе заработува во Кралскиот клуб 19.47 милиони евра по сезона, со што стана еден од најплатените фудбалери во историјата на Реал.

Откупната клаузула за предвремен раскин на соработката изнесува 850 милиони евра.