МИСТЕРИЈА ВО НЕСРЕЌАТА: Зошто не се отвориле вратите на автобусот?

4801

Бугарскиот стручњак, Димитар Димитров, за бугарските медиуми изјави дека се уште останува мистерија зошто не се отвориле вратите на автобусот кој се запали во страшната несреќа на автопатот Струма во Бугарија.

„Вратите на автобусот не се отворени. Или возачот не реагирал да ги отвори или станува збор за штета поради која не можеле да се отворат. Останува мистерија зошто вратите на автобусот не се отворени. Важно е да се контактира производителот на автобусот, изјави Димитра Димитров за Bulgaria ON AIR.

Во автобусот на компанијата „Беса Транс“ кој се враќал од Истанбул за Скопје, животот го загубија 46 патници, а седумина ја преживеаја несреќата и се хоспитализирани во Софија.

Во Македонија е прогласена тридневна жалост во знак на почит кон настраданите. Почит на настраданите во трагичната несреќа ќе им оддаде и Бугарија која го прогласи 24 ноември за ден на жалост за погинатите вио несреќата на автопатот Струма како и на настраданите во пожарот во домот за стари лица во кој вчеар погинаа девет луѓе.