четврток, јули 2, 2026
Дома БАЛКАН Вучиќ: Ова е најголемата круна во мојата кариера, прво Трамп, потоа Путин,...

Вучиќ: Ова е најголемата круна во мојата кариера, прво Трамп, потоа Путин, а сега и јас

2999
Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ одржа прес-конференција за актуелни прашања, на која го коментираше убиството на Александар Нешовиќ и најави службено патување во Кина.

На конференцијата учествуваше и директорот на полицијата Драган Васиљевиќ, пренесува српски „Телеграф“.

– Во наредните недели ќе имаме интензивна надворешнополитичка активност. Патуваме во Азербејџан, ќе се вратиме во вторник наутро, а потоа чекаме конечна потврда. Гледам дека рускиот претседател Владимир Путин патува во Кина на 19 и 20 мај, тоа е најавено. Неколку дена потоа одиме во Кина на разговори со претседателот Си Џинпинг. По посетите на претседателите Трамп и Путин, ќе имаме извонредна чест официјално да ја посетиме Народна Република Кина и очекуваме многу од таму – рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија го зголемила извозот во Кина за 330 пати и дека денес во земјата има 37 кинески фабрики.

– За мене, како политички ветеран, ова е круна на мојата кариера и најважната посета за Србија. Србија мора да ја зачува целосната политичка, економска и безбедносна стабилност. Затоа директорот на полицијата Васиљевиќ е до мене – рече Вучиќ.

Во врска со исчезнувањето на убиениот Нешовиќ, тој рече дека телото не е пронајдено.

– Имавме неколку медиуми кои објавија дека телото на убиениот е пронајдено, но не знаеме дали е убиен. Знаеме дека имало пукање, бидејќи некои луѓе мислат дека можат да ги перат чаршафите и ништо не се гледа или да го перат подот, а постојат техники каде што може да се види дека има крв насекаде, само што овие луѓе не научиле дека технологијата напреднала и не можеле ништо да сокријат и дека приказната „нема тело, нема дело“ е толку глупава. И во овој случај, ние, како држава, се однесувавме професионално и одговорно – рече Вучиќ, уште еднаш забележувајќи дека телото не е пронајдено и дека полицијата сè уште го бара.

Директорот на полицијата Васиљевиќ изјави дека откако е пријавен инцидентот во ресторанот во Сењак, е распореден максимален полициски капацитет, пренесe српски „Телеграф“.

 

ИЗДВОЕНИ