Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес изјави дека недостатокот на доверба е главната пречка во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран.
„Се сомневаме во нивната сериозност“, изјави Арагчи пред новинарите во Њу Делхи, додавајќи дека разговорите ќе продолжат „доколку Вашингтон е подготвен за фер и избалансиран договор“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно оваа недела го отфрли најновиот мировен предлог на Иран како „глупост“.
Иако се наведува дека Техеран направил некои отстапки во врска со своите нуклеарни капацитети, Трамп рече дека сака целосно да го отстрани високо збогатениот ураниум од Иран.
Иран тврди дека неговата нуклеарна програма има мирни цели, пренесе „Бета“.












