понеделник, ноември 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Судијата Бојан Мартиновски од Охрид за ВЕЧЕР: немав влијание врз одлуката, ОЈО...

Судијата Бојан Мартиновски од Охрид за ВЕЧЕР: немав влијание врз одлуката, ОЈО побара поблага мерка, во таков случај Судот не може да одреди притвор

0

Весникот Вечер разговараше со претседателот на Основниот суд Охрид Бојан Мартиновски кој го прифатил предлогот на Обвинителството и му изрекол мерки на претпазливост на осомничениот Кристијан К. за кривичното дело, тешки телесни повреди. Вели дека не можел да одреди притвор бидејќи обвинителот побарал поблага мерка, така предвидува законот и праксата, вели тој. Вели дека полицијата е надлежна да ја чува девојката од насилникот во случај на прекршување на мерката и приближување во радиус од 50 метри. За ВЕЧЕР тврди дека немало телефонски повик за влијание врз одлучувањето. Во продолжение целиот разговор.

-Обвинителството процени и побара за изрекување на мерки претпазливост, Обвинителството не најде потреба против осомничениот за мерка притвор , во ваква фаза немаме можност да одлучиваме подрастично и потешко од она што побара ОЈО Охрид, така предвидува законот. Мерките на претпазливост се помало ограничување на правата на слобода , но затворски притвор не е побаран. Може од потешко барање за де изрече полесна мерка, но обратно никако, значи ние не  можевме да одредиме притвор, вели судијата Мартиновски

ВЕЧЕР : Што опфаќаат овие мерки на претпазливост?

-Мерки на претпазливост што сметавме дека се оправдани се три:одземање на пасош, забрана за приближување до оштетената не помалку од 50 метра и обврска на осомничениот да се јавува секој втор понеделник во судот.

ВЕЧЕР : Ова втората мерка се мисли таму каде што се движи девојката, а дали некој полицаец ќе го контролира тоа?

-Секогаш радиусот да е 50 метра, не смее да и се приближува на помалку од тој радиус , во тој случај има прекршување на мерката и тогаш може обвинителот да побара построга мерка. Ние сме немале ваков случај. Нашето решение заради спроведување е доставено до СВР Охрид, тие треба да водат сметка да се придржува на мерките, треба да го обезбедуваат да не и се приближува. Или секое лице доколку го забележи тоа треба да пријави. Полицијата е најповикана да ја спроведува мерката.

ВЕЧЕР: Дали на некокаов начин имаше обид да се повлијае на одлуката во судот?

-Никако , на никаков начин редовна постапка како и секоја , секако и да имаше обид нема да имаше одраз врз постапката . Секако не.

П.Антеска 

ИЗДВОЕНИ