понеделник, ноември 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Студентите сакаат да ручаат во Собранието по цените за пратениците, Гаши ги...

Студентите сакаат да ручаат во Собранието по цените за пратениците, Гаши ги покани на гости

0

Студентите сакаат одблизу да се запознаат со цените на храната во собранискиот ресторан. Форумот за промени во образованието упатил барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, за организирање Ден на отворени врати, на кој студентите би имале можност да ручаат во ресторанот по истите цени што важат за пратениците.

Според иницијативата, на 27 ноември би требало да бидат примени од 30 до 40 студенти, кои сами ќе го платат оброкот според ценовникот на собранискиот ресторан.

Барањето доаѓа во период кога повторно се отвори дебатата за висината на средствата што студентите ги добиваат за субвенциониран оброк, односно дневниот износ од 140 денари, по објавувањето на цените во ресторанот на Собранието.

Од Форумот за промени во образованието нагласуваат дека нивната цел не е да добијат бесплатна храна, туку да им се овозможи пристап до истиот ценовник што го користат пратениците. Од организацијата очекуваат официјален одговор од Гаши, а доколку иницијативата биде одбиена, бараат да бидат образложени правните и организациските причини за таквата одлука.

Во врска со иницијативата, претседателот на Собранието, Африм Гаши, на брифинг со новинарите изјавил дека студентите се добредојдени во собранискиот ресторан и дека со задоволство би ги пречекал.

ИЗДВОЕНИ