понеделник, ноември 16, 2026
Дома БАЛКАН Де Хауер: ЕУ го спречи Вучиќ да предизвика граѓанска војна

Де Хауер: ЕУ го спречи Вучиќ да предизвика граѓанска војна

0

Во изборната ноќ, српскиот претседател Александар Вучиќ ги повлече војската и полицијата од Пионирски парк во Белград, по притисокот од Европската унија, која сакаше да спречи конфликти што би можеле да ескалираат во граѓанска војна.

Ова го изјави Дениз де Хауер, поранешна белгиска амбасадорка во Србија, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Според неа, Европската унија активно ги следела настаните во Србија во пресрет на парламентарните избори на 25 октомври, на кои „Студентската листа“ ја победи СНС на Вучиќ, ставајќи крај на неговото долгогодишно владеење.

„Сигурно сте слушнале дека токму благодарение на Европската унија, Вучиќ ги повлече војниците и полицијата од Пионирски парк. Унијата изврши притисок врз него да се воздржи од иницирање нешто што би можело да заврши со граѓанска војна. Ова покажува дека ЕУ многу внимателно ги следи случувањата“, рече Де Хауер.

Во изборната ноќ, администрацијата на Вучиќ распореди голем број припадници на безбедносните сили околу зградата на Претседателството и Републичката изборна комисија во Белград.

Ова распоредување на војската и полицијата ги зголеми стравувањата од можни судири по објавувањето на изборните резултати.

Де Хауер смета дека Европската унија не само што ги набљудувала настаните, туку и активно презела чекори за да спречи насилство.

ИЗДВОЕНИ