четврток, септември 10, 2026
Дома МАГАЗИН По предлог на либерална пратеничка: Швајцарија размислува да го укине брачниот статус...

По предлог на либерална пратеничка: Швајцарија размислува да го укине брачниот статус „разведен“

32
Фото:википедија

Швајцарската влада денес објави дека има намера да го укине брачниот статус „разведен“, поддржувајќи ја иницијативата на либералната пратеничка Надин Гобет.

Гобет, членка на либералната Слободна демократска партија, се спротивстави на барањето разведените лица да мора да го наведуваат својот статус на разведени во обрасците, дури и со години по самиот чин.

Парламентот сега треба да одлучи за ова прашање и, доколку предлогот биде прифатен, да ги иницира потребните законски измени.

Гобет истакна дека оваа ознака е излишна бидејќи разводот е правно прашање што е веќе завршено.

„Барањето некој засекогаш да се идентификува како ‘разведен’ значи дека еден приватен настан ‘административно се овековечува’“, рече Гобет.

Гобет предложи разведените лица во официјалните обрасци да се прекласифицираат во категоријата „неженети/немажени“ (или „слободни“), пренесе „Хина“.

ИЗДВОЕНИ