четврток, септември 10, 2026
Дома СВЕТ Ужасна трагедија во Кина: Дваесет лица загинаа, а пет се водат како...

Ужасна трагедија во Кина: Дваесет лица загинаа, а пет се водат како исчезнати по пожар на товарен брод/видео

6
Фото:принтскрин, Шангајај, видео „Икс“

Дваесет лица загинаа, а пет се водат како исчезнати по пожар на товарен брод во североисточна Кина, објавија денеска локалните медиуми.

 

Бродот е идентификуван како „Оушн мелоди“ (Ocean Melody) и плови под либериско знаме според веб-страницата за следење пловни објекти „Веселфајндер“ (VesselFinder); тој бил закотвен во бродоградилиште во градот Кингдао, каде што, наводно, се вршело негово одржување.

На бродот имало вкупно 42 лица, од кои 12 биле безбедно евакуирани, објави новинската агенција „Синхуа“.

Пожарот избувнал нешто по 11:00 часот по локално време.

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг повика на итни операции за пребарување и спасување, како и на итна истрага за несреќата, пренесува „Би-би-си“.

Премиерот Ли Ќанг повика на спасување на сите што евентуално би можеле да бидат заробени и ја истакна потребата да се спречат „секундарни катастрофи“, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ