Иако Јелена и Новак се инспирација за многумина и важат за еден од најдобрите парови денес, тие ретко и само накратко зборуваат за својот приватен живот. Сепак, во една прилика, Јелена, сопругата на прославениот тенисер Новак Ѓоковиќ, отворено зборуваше за периодот по породувањето, откривајќи дека таа и нејзиниот сопруг тогаш се соочиле со бројни предизвици – предизвици кои влијаеле и на нивниот брак. Зборувајќи за родителството, недостатокот на сон и секојдневните обврски, Јелена призна дека тешко се справува со исцрпеноста, што понекогаш влијае на нејзиното расположение.
„Воопшто не поднесувам добро недостаток на сон. Станувам нервозна и избувлива – сопругот се шегува дека се разведува од мене шест пати дневно!“ – изјави тогаш низ шега Јелена, а потоа објасни зошто одморот ѝ е толку важен.
Таа истакна дека ѝ е тешко убаво да се наспие кога децата не се чувствуваат добро, затоа, таа прави сè што може за да се осигура дека тие се чувствуваат сигурно, задоволно и одморено.
„Едноставно не можам убаво да спијам ако децата не се добро. Затоа сега правам сè што е во моја моќ за да се осигурам дека сите се добро и доволно одморени“, рече таа.
Јелена и Новак посветуваат големо внимание на воспитувањето на своите деца. Јелена претходно зборуваше за нивниот пристап кон времето за спиење, објаснувајќи зошто одлучила да не ги заспива децата држејќи ги во раце.
Таа спомна дека добила совети од бабици, кои ѝ препорачале да не ги навикнува децата да заспиваат на тој начин. Сепак, таа нагласи дека разбира оти секој родител има свои методи и дека различните пристапи не мора да бидат погрешни. „Никогаш не сум ги заспивала децата во раце, бидејќи бабиците ме советуваа да не го правам тоа. Има родители кои ги заспиваат децата така, и тоа е сосема во ред. Јас го избрав она што беше во согласност со мојот начин на размислување – да му дозволам на детето само да заспие, наместо јас да го заспивам“, објасни Јелена, пренесува „Блиц“.












