Европската комисија ја повика Албанија да обезбеди усогласеност со законите на ЕУ за животна средина без одложување ако сака да се приклучи на блокот, изјави денес портпаролот на ЕК, коментирајќи ја планираната изградба на луксузен хотел финансиран од инвестициската фирма на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во интервју за Ројтерс, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја ќе продолжи со изградбата на луксузен хотел на оддалечен дел од албанскиот брег, планиран од Кушнер и ќерката на Трамп, Иванка Трамп, и покрај протестите поради негативното влијание на проектот врз животната средина.
Протестите во Албанија се наречени „Револуција на фламинго“ бидејќи делот од брегот каде што е планирана изградбата е миграциско засолниште за видовите птици.












