понеделник, септември 14, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Мицкоски: Остануваме посветени на изградбата на дата-центри

Мицкоски: Остануваме посветени на изградбата на дата-центри

0

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

– Прашањето е дали ние, како држава, сакаме да останеме заглавени во 19 и 20 век, со некои ретрополитички сили или сакаме да грабиме кон иднината. Оваа Влада апсолутно води сметка за интересите на државата и на граѓаните. Интересите на државата и на граѓаните никогаш нема да бидат ставени под прашалник. Апсолутно се грижиме за иднината на оваа држава и за брз економски развој – истакна Мицкоски во одговор на прашањето дали се точни информациите дека ЕУ испратила допис до сите земји во регионот дека се откажала од финансирањето и давањето грант за изградба на национални дата-центри и оти ова нема да биде дел од реформската агенда.

Без таа вештачка интелигенција и некои дата-центри, како што рече, немало да комуницира со граѓаните на овој начин како што комуницира.

Прашањето зошто изградбата на национални дата-центри во земјите од Западен Балкан веќе не е приоритет за Брисел, со оглед на тоа што ЕУ ја финансираше „Везилка“ конкретно во Македонија, му беше поставено и на евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, кој истакна дека нема такви информации.

– Јас, за жал, не можам да ја потврдам вашата информација. Како што веќе знаете, „Везилка” беше пуштена во употреба, односно во функција пред два месеци. Таа треба да биде поврзана со поголемиот дата-центар во Република Грција, така што навистина досега немам добиено никаква информација во врска со вашето тврдење – одговори кусо Рокас.

ИЗДВОЕНИ