понеделник, септември 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Премиерот добивал закани по живот, уапсен 39 год. маж од кумановско Черкези

Премиерот добивал закани по живот, уапсен 39 год. маж од кумановско Черкези

1

По пријава на СВР Куманово уапсен е 39 годишен маж од селото Черкези бидејќи му се заканувал на Премиерот Христијан Мицкоски по животот на социјалните мрежи. ОЈО Куманово бара притвор, а лицето и претходно и бил познат на полицијата по кривични дела од областа на насилството.

”Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на Претседателот на Владата на РСМ.

Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал – насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Притоа, согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува, соопшти ОЈО.

Според КЗ за ова дело максималната затворска казна е до пет години. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ