Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Иран соборил американски воен хеликоптер „Апачи“ за време на патрола над Ормускиот теснец и рече дека САД ќе одговорат на тој напад.
„Тукушто бев информиран од нашата голема војска дека синоќа Иранците соборија еден од нашите многу софистицирани хеликоптери „Апачи“ додека патролираа над Ормускиот теснец.
Во него имаше двајца пилоти, двајцата се безбедни и неповредени. Сепак, САД мора да одговорат на овој напад“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.












