Многу музика и емоции… Познатиот македонски актер Драган Спасов Дац и музичарот Александар Митевски, кои го сочинуваат музичкото дуо кое од короната до денес нè забавува со своите настапи и хитови, вечерва во Македонскиот народен театар го одржаа првиот од двата концерти “Дамите бираат“ по повод Денот на жената.
Фото: П. Стојановски



– Ова не е само концерт, она што го прават Александар и Дац има посуштинско значење. Тие ги прават луѓето среќни, публиката ги сака и ѝ се потребни ваквите настани. На сите нас ни фали добра мисла, стих, добра музика и добра забава, и затоа круната треба да е во МНТ, кажа Никола Кимовски, директорот на Македонскиот народен театар пред најавата на ова незаборавно музичко дружење кое посебно ги израдува припадничките на понежниот пол за кои и беше наменето.

Во полната сала се пееше заедно со Дaц, Александар и нивните гости. Присутните беа дел од настанот кој долго ќе се памети.














