EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Иако светот на тенисот влезе во нова ера во која Италијанецот Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкарас доминираат на гренд слем-турнирите, едно име сè уште одбива да се повлече од борбата – тоа е Србинот Новак Ѓоковиќ.

Британската Би-би-си анализираше кој би можел да го загрози дуополот на Синер и Алкарас во 2026 година. На 38 години, со 24. гренд слем-титули и статус на најуспешен тенисер на сите времиња, Ѓоковиќ останува најголема закана за „новите двајца“, и покрај неговата возраст и намалувањето на бројот на турнири што ги игра.

И покрај ограничениот календар, Ѓоковиќ ја заврши сезоната како четврти играч во светот, а многу аналитичари веруваат дека тој сè уште е најблискиот ривал на Синер и Алкарас. Иако едвај одигра цела сезона, Новак е сè уште трет најдобар играч на планетата. Тоа многу кажува – и за него и за остатокот од турнејата“, рече Грег Руседски.

Ѓоковиќ веќе покажа дека може да ги победи помладите ривали дури и во оваа фаза од својата кариера. Тој го елиминираше Алкарас на Отвореното првенство на Австралија, турнир на кој победи десет пати и кој би можел да претставува негова најдобра шанса за историски 25. гренд слем.

Проблемот за Новак во 2026 година не е само формата, туку и патот до трофејот.

За да освои гренд слем, тој речиси сигурно би морал: да ги победи или Синер или Алкарас во полуфиналето, потоа да го победи другиот во финалето – во натпревари од три сета.

Сепак, неговото искуство, менталната сила и способноста да ја подигне својата игра кога е потребно, сепак го издвојуваат од остатокот од натпреварувањето. Иако се споменуваат имиња како Бен Шелтон, Тејлор Фриц, Џек Дрејпер и Феликс Оже-Алијасим, заедничкиот проблем на сите нив е ист – недостаток на континуитет и верба во големите натпревари.

Александар Зверев, и покрај неговиот висок пласман, сепак го носи товарот на три изгубени финалиња на гренд слем, додека младите надежи како Жоао Фонсека и Јакуб Менчик се уште далеку од борба за најголемите трофеи. Како што стојат работите, ако некој во 2026 година може да ја наруши апсолутната доминација на Синер и Алкарас, тоа е сепак Новак Ѓоковиќ.

Возраста можеби не е на негова страна, но историјата веќе нè научи дека Новак никогаш не треба да биде отпишан.

ИЗДВОЕНИ