Португалија, која се смета за еден од главните фаворити за светската титула, одигра само 1:1 против ДР Конго во воведната групна фаза на Светското првенство.
Овој натпревар ќе биде запаметен по историскиот рекорд на Кристијано Роналдо, кој го одигра целиот натпревар и со 41 година и 132 дена стана најстариот играч во историјата на Светските првенства што започнал еден натпревар.
0 – Cristiano Ronaldo has now gone 10 consecutive major tournament games without scoring for Portugal (FIFA World Cup/EURO):
33 shots
11 on target
0 goalsDrought. pic.twitter.com/PYQIHPgCkM
— OptaJoe (@OptaJoe) June 17, 2026
Сепак, настапот на португалскиот напаѓач беше далеку под неговите кариерни стандарди.
За повеќе од 90 минути поминати на теренот, Роналдо упати три удари кон противничкиот гол, но ниту еден од нив не заврши во голот. Вкупно, имаше 25 контакти со топката, запиша три изгубени поседи на топката и доби два од три воздушни дуели.
25 touches
3 shots (0 on target)
1 duel wonThat is the 2nd least amount of touches Ronaldo has ever had in a World Cup start 😮 pic.twitter.com/Z9huARpMTl
— ESPN FC (@ESPNFC) June 17, 2026
Ова беше воедно и 10-ти натпревар за Роналдо на големите турнири (Светско првенство, Европско првенство), на кои не постигна гол.
Следните натпревари на првенството ќе покажат дали капитенот на Португалија ќе ја подобри својата форма и како ќе реагира селекторот Роберто Мартинез доколку недостасува препознатливата ефикасност на искусниот напаѓач.












