Голманот на германската ракометна репрезентација, Андреас Волф, би можел да ја напушти екипата на Кил и да продолжи во друг германски клуб. Според германските медиуми најсериозен кандидат за неговите услуги е тимот на Гумерсбах.
Иако искусниот голман има договор со Кил до 2028 година, продолжувањето на соработката не оди според очекувањата на клубот. Раководството сака да го задржи еден од најважните играчи во тимот, но Волф наводно размислува за нов предизвик, поради што неговото заминување станува сè пореална опција.
Останува отворено и прашањето кога би се реализирал евентуалниот трансфер. Волф би можел да го промени клубот уште следното лето, но во таков случај Гумерсбах ќе мора да постигне договор со Кил и да плати обесштетување за предвременото заминување на голманот.












