вторник, ноември 3, 2026
Дома СПОРТ ОЛИМПИСКИ ИГРИ Јужна Кореја официјално ја поддржа кандидатурата за Олимписките игри во 2036 година

Јужна Кореја официјално ја поддржа кандидатурата за Олимписките игри во 2036 година

10
Фото:пекселс

Националниот олимписки комитет и Министерството за спорт на Јужна Кореја официјално ја поддржаа кандидатурата на земјата за домаќин на Летните олимписки игри во 2036 година.

Покрај Јужна Кореја, за домаќин на настанот се натпреваруваат и Германија, Унгарија, Индија, Катар, Јужна Африка и Турција.

Планот предвидува Игрите заеднички да ги организираат Сеул и покраината Северна Џеола. Потенцијалните домаќини ќе ги претстават своите планови пред МОК во ноември, додека почетокот на „стратешки дијалог“ се очекува во март 2027 година.

Сеул претходно беше домаќин на Летните олимписки игри во 1988 година.

ИЗДВОЕНИ