Ѓоковиќ, 11-тиот тенисер во светот, го совлада играчот кој се наоѓа на 27-мото место на АТП-листата, по два часа и 29 минути игра.
Во првиот сет немаше одземања на сервис, па се стигна до тај-брејк; по голема борба, Вашеро излезе како победник (7:5) и поведе во сетови.
На почетокот на вториот сет, Вашеро му го одзеде сервисот на Ѓоковиќ, но српскиот тенисер возврати во четвртиот гем и израмни на 2:2. До 12-тиот гем немаше нови брејкови, а тогаш Вашеро сервираше за останување во сетот; Ѓоковиќ успеа да му го одземе сервисот и со тоа да го израмни резултатот во сетови на 1:1.
Ѓоковиќ доминираше во третиот сет, правејќи брејкови во вториот и шестиот гем, со што ја обезбеди победата и пласманот во второто коло.
Во второто коло, Ѓоковиќ ќе се соочи со Австралиецот Ринки Хиџиката, пренесе „Бета“.












