Општина Илинден ги заврши есенската дератизација на јавните површини и дезинфекцијата на јавните објекти на своја територија.
Од Општината информираат дека во рамките на акцијата била извршена дератизација на 1.073 шахти на јавните површини, со цел спречување на појавата и размножувањето глодачи.
– Дополнително, спроведена е дезинфекција на вкупна површина од 3.300 квадратни метри во јавни објекти, меѓу кои општинската зграда и домовите на културата – потенцираат општинските власти.
Притоа, додаваат дека со континуирано спроведување на превентивните мерки, Општина Илинден ја потврдува својата посветеност на зачувувањето на јавното здравје, одржувањето на хигиената и на обезбедувањето здрава и безбедна животна средина за сите граѓани.












