четврток, октомври 29, 2026
Дома СКОПСКА ФОТОВЕСТ: Подната фонтана проработе пробно

ФОТОВЕСТ: Подната фонтана проработе пробно

212

На радост на скопјани, по многу години, конечно пробно проработе подната фонтана на плоштадот „Македонија“.

Според информациите од Град Скопје, се вршат проверки, калибрирање и прецизно нагодување, за да работи правилно и повторно да биде еден од препознатливите симболи на градот.

Градските власти се децидни дека просторот на подната фонтана никогаш повеќе нема да биде премин за автомобили и тешки товарни возила.

Фото: (П.С.)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ