Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска го означија почетокот на реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“, една од најважните сообраќајни артерии во општина Гази Баба.
– По оваа улица секојдневно минуваат луѓе кои со години чекаат подобри услови. Нивното трпение заслужува одговор со конкретна работа. Со нов асфалт, нови тротоари и рабници, ставаме крај на долгогодишната голгота на жителите и создаваме побезбедни услови за возачите и пешаците. Гази Баба заслужува современи и безбедни улици. Иако реконструкцијата не беше дел од мојата програма, потребите на граѓаните се обврска – изјави Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека неодамна беше реконструиран и надвозникот ,,Естакада”, кој исто така е од огромна важност, како и дека се вложува рамномерно во секоја општина, затоа што секое маало е важно и секој граѓанин заслужува уредена улица, безбеден тротоар и достоинствени услови за живот.












