вторник, јуни 23, 2026
Дома СКОПСКА „Времеплов низ Центар, историја, култура и архитектура“

„Времеплов низ Центар, историја, култура и архитектура“

1

Општина Центар ги поканува сите заинтересирани граѓани на бесплатната тематска прошетка „Времеплов низ Центар, историја, култура и архитектура“, која ќе се одржи утре од 18:00 до 20:00 часот.

Собирното место е на улицата „Македонија“, пред Спомен-куќата на Мајка Тереза, каде што ќе почне прошетката низ богатото историско, културно и архитектонско наследство на централното градско подрачје.

Маршрутата опфаќа препознатливи обележја, меѓу кои Градскиот трговски центар, Камениот мост, кејот на Вардар, Даут-пашиниот амам и многу други значајни историски и архитектонски знаменитости. Посетителите ќе имаат можност да слушнат за личности, настани и за објекти што оставиле траен белег врз развојот на градот, како и да откријат детали што често остануваат незабележани во секојдневниот урбан ритам.

Водичи на турата ќе бидат Димитар Таневски и Антонио Павловски, а посетителите, преку интересни факти и приказни, ќе се запознаат со минатото на Центар од еден нов агол.

– Придружете ни се на уште една прошетка низ повеќе локации што се наше секојдневие, но толку малку знаеме за нив. Ова е можност да откриете што е тоа што го прави нашиот град единствен и уникатен – повика градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Турата е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.

ИЗДВОЕНИ