вторник, ноември 10, 2026
Дома СКОПСКА Дваесет контејнери за текстилен отпад пред училиштата и градинките во Центар

Дваесет контејнери за текстилен отпад пред училиштата и градинките во Центар

26

Општина Центар, во соработка со лиценцираната компанија  „Еко-текс груп“,  почна со поставување специјализирани контејнери за селекција на текстилен отпад пред основните училишта и детските градинки. Првиот контејнер за текстилен е поставен пред ООУ „Коле Неделковски“.

Од Општина Центар информираат дека во првата фаза ќе бидат поставени 11 контејнери, а во втората уште девет, со што мрежата ќе опфати вкупно 20 локации. Граѓаните во овие контејнери ќе можат одделно да оставаат стара облека, обувки и други текстилни производи. Наместо да завршат во комуналниот отпад, тие ќе бидат селектирани, сортирани и упатени на натамошен третман и рециклирање.

-Преку ваквите иницијативи ги учиме децата, но и возрасните, да се однесуваат општествено и еколошки одговорно. Со едукација за собирање, рециклирање и повторна употреба заедно придонесуваме за почиста и поздрава средина – истакна градоначалникот на Општина  Центар, Горан Герасимовски.

Со ваквите активности Општина Центар делува во согласност со принципите за заштита на животната средина, важечките законски прописи и меѓународните стандарди.

 

 

ИЗДВОЕНИ