вторник, ноември 10, 2026
Дома СКОПСКА Минатата недела отстранети 890 кубни метри градежен шут и кабаст отпад од...

Минатата недела отстранети 890 кубни метри градежен шут и кабаст отпад од диви депонии  

9

Eкипите на јавното претпријатие  „Комунална хигиена“ во текот на изминатата седмица подигнале и транспортирале 3.600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

Во истиот период биле отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад било подигнато во општината Центар, каде што биле расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии.

-Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. Реализирани се и еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција – соопштија од претпријатието.

ИЗДВОЕНИ