Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат до корисниците на канализацискиот систем во град Скопје да се однесуваат одговорно и совесно, бидејќи, како што велат, тој не претставува место за фрлање секаков вид отпад.
Од јавното претпријатие информираа дека посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и на канализациската мрежа во градот, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.
– Екипите на секторот Канализација спроведоа активности за расчистување на шахтите, одзатнување на атмосферската канализација и чистење на сливниците и на фекалните шахти – пишува во објавата на „Фејсбук“.












