вторник, ноември 10, 2026
Дома СВЕТ Од над 20 степени до зимски минус? Попоски најавува голем пресврт на...

Од над 20 степени до зимски минус? Попоски најавува голем пресврт на времето и можен снег на Балканот!

0

Според она што најново го цртаат метеоролошките модели, тоа е дека веќе е на повидок надоаѓање на зимата и на снегот на Балканот, и во градовите и тоа викендот (сабота и недела 14/15 ноември). Станува збор за неофицијална најава и за неофицијално метеоролошко сценарио, напомена Попоски.

Во погоре споменатиот период од север кон Балканот ќе се спушти многу поладен воздух кој нагло и драстично ќе ги спушти температурите на воздухот а сето ова е биде проследено и со северен и со североисточен ветер.

Врнежите од дожд кои ќе ги имаме, особено во сабота (14 ноември) особено во Хрватска и во Босна и Херцеговина, но и во соседна Србија најпрвин на повисоките места и на планините ќе преминат во врнежи од снег каде локално ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, може и повеќе.

Поради драстичното и нагло заладување на времето, постои веројатност во сабота (14 ноември) во погоре споменатите Балкански земји снежната граница да се спушти и многу пониско (дури и до 500/600 метри надморска височина а може и под 500 метри надморска височина). Токму ова ќе придонесе да се создадат првите услови за врнежи од снег и во пониските места (градовите).

Следните ажурирања на метеоролошките модели ќе бидат многу попрецизни и појасни околу ова можно метеоролошко сценарио за надоаѓање на зимата и на првиот снег во градовите на Балканот, со што ќе следува нова, обновена и конечна метео анализа од моја страна.

И во Македонија исто така викендот (сабота и недела 14/15 ноември) ни носи поголемо заладување на времето и голем пад на температурите, но како што вели Попоски, детална анализа околу ова следува во неговите идни метео објави, тогаш ќе објави и метео анализа конкретно за Македонија, околу тоа дали можеме да го очекуваме првиот снег и на пониските места (градовите) викендот (14/15 ноември).

ИЗДВОЕНИ